Аналитичар на „Економист“ сигурен дека пописот во Македонија ќе биде одложен

Британскиот новинар, политички аналитичар на „Економист“, дописник и автор на неколку книги за Балканот, Тим Џуда, е сигурен дека пописот во Македонија најавен за во април ќе биде одложен.



„Во Западен Балкан Србија, Хрватска, Албанија се одложува, Црна Гора нема одредено датум, а Северна Македонија вели дека тој сè уште е на пат за во април (сигурен сум дека и тој ќе биде одложен). БиХ нема да одржи. Косово предупредува за одложување на пописот, обвинувајќи ги пандемијата и изборите“, објави на Твитер претседателот на Бордот на Балканската истражувачка мрежа (БИРН).