Македонија располага со 59 дипломатско-конзуларни претставништва низ светот, од кои 42 амбасади, 9 генерални конзулати и 8 постојани мисии.
Покрај тоа, 12 амбасади покриваат нерезидентни подрачја, пишува во анализата на Ал Џезира.
Истовремено, Македонија е домаќин на 33 амбасади и на 25 меѓународни организации со дипломатски статус.
За споредба, Србија има 102 ДКП-а, од кои 72 амбасади, 7 мисии при меѓународни организации, 22 генерални конзулати и 1 конзулат.
Хрватска има 90 ДКП-а, а Босна и Херцеговина 56, од кои 44 амбасади, 6 генерални конзулати и 6 постојани дипломатски мисии.
Црна Гора има 28 амбасади, 6 мисии и 4 генерални конзулати.






