Не носеле заштитни маски – 446 изречени казни

Во текот на изминатото деноноќие по однос на мерката за носење на заштитна маска, како превенција од коронавирусот, регистрирани се 446 прекршоци, информираат од МВР.



Од ресорното министерство воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.