Во врска со законските измени за личните карти, за Телма од грчката амбасада во Скопје одговорија дека Грција очекува целосно и доследно и во добра волја да се спроведе Договорот од Преспа.
„Би сакале да ја искористиме приликата да посочиме на членот 1, став 3 б од Договорот во кој се наведува – националноста на втората страна, во случајот Северна Македонија, треба да гласи „Македонско/ граѓанин на Република Северна Македонија“ и тоа треба да биде забележано во сите патни документи, се вели во одговорот од грчката амбасада за ТВ Телма.





