Петровска ја обвини ВМРО-ДПМНЕ што нема вакцини

Славјанка Петровска, пратеничката од редовите на СДСМ, синоќа во „Клик Плус“ на ТВ21 ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека нема вакцини поради нивните политики од 2012 до 2015 и поради тоа што ја избркале компанијата „Астра Зенека“ од земјава.



„Ако вие во периодот од 2012 до 2015 година, поради криминалот што го правевте и паралелниот увоз на лекови, и не ја избркавте Астра Зенека од државата, сега ќе имавме вакцини многу побрзо“, рече Петровска во дебата со пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска.

„Не се вадете, четири години сте на власт, една година сме во пендемија. За немањето вакцини одговорни сте само вие“. одговори Стојановска.