СДСМ на Твитер не бара електричар туку нови членови

И покрај тоа што претседателот на партијата и генералниот секретар објавија дека ажурирањето поминало одлично и дека во мали места како Пехчево имаат стотина нови, претежно млади членови, СДСМ почна да бара ново членство на социјалните мрежи.



Иако од фотографијата со која се привлекуваат нови членови може да се помисли дека имаат потреба од електричар сепак од Бихаќка бараат нови членови.

Од СДСМ мислат дека ќе имаат успех на Твитер, социјална мрежа која се смета за најотпорна на партиски влијанија и обиди за политичка регрутација.

“СДСМ се менува, се демократизира, се подобрува, за подобро да им служи на граѓаните и да внесе нови демократски вредности во нашето општество. 🇲🇰

Придонеси и ти , зачлени се, и биди дел од нашето големо социјалдемократско семејство”, објави СДСМ во повикот за ново членство на Твитер.

Зошто на партијата и требаат нови членови ако ажурирањето на членството навистина одело одлично како што се фалат од таму засега од СДСМ не даваат објаснување.

Што тврдеше СДСМ пред неколку недели

Зошто СДСМ ги крие новите млади членови? (ФОТО)