Морбидно: Сквернавеле гробови и се снимале за Тик-Ток

Вчера полицијата идентификувала и извршила службен разговор со тројца малолетници од Ресен – двајца на 16-годишна возраст и еден на 14-годишна возраст – во врска со објавениот видео материјал на социјалната мрежа „Тик-ток“ на кое се сквернават гробови.



Со малолетниците, во присуство на родител, е извршен службен разговор, а по документирање на случајот, во координација со надлежен обвинител ќе бидат поденесени соодветни поднесоци.