НАСА соопшти дека нејзиното летало „Персеверенс“ успешно слета на кратерот Марс именуван по босанскиот град Језеро. Најголемиот и најнапреден ровер некогаш испратен од НАСА, слета на Марс по седуммесечно патување од Земјата во должина од 470 милиони километри.
Стигнаа и првите фотографии до контролата на НАСА на кои се гледа површината на Марс.
Намерата е да донесе карпи од Марс кои би можеле да одговорат дали некогаш постоел живот на таа планета.






