Министерството за внатрешни работи (МВР) најавува посебен режим на сообраќај на крстосницата помеѓу бул. „Александар Македонски”, ул. „16-та Македонска бригада” и ул. „Интернационални бригади”.
Како што најавуваат од МВР, ова следи по најавениот протест во временскиот интервал од 14 до 17 часот во текот на денешниот ден, како и во понеделник и вторник наредната недела.
Протестот е организиран од сопственици на ресторани за организирани настани, претставници на фото-студија и музички бендови. МИА






