Руската вакцина „Спутник V“ ќе пристигне во вашата земја откако македонските власти ќе ни испратат официјално барање за набавка на вакцината против ковид-19, велат од Амбасадата на Русија во Македонија за за Плусинфо .
Во повеќе наврати разговарале на таа теема , велат од Амбасадата, вклучително и со министерот за здравство Венко Филипче, кој, пак, во понеделникот истакна дека земјава се одлучила за вакцините на „Фајзер“ поради тоа што руската вакцина се наоѓала во третата фаза на клиничкото испитување во моментот кога пристигнала понудата за набавка.





