Сопругот на кралицата Елизабета Втора, Принцот Филип (99) е хоспитализиран во болница како мерка на претпазливост откако не се чувствувал добро, јави Ројтерс.
Принцот во приватната болница Крал Едвард VII во Лондон влегол без никаква помош откако претходно се чувствувал лошо на краток период.
Извори близок до кралското семејство изјавил оти болеста на принцот Филип не е поврзана со Ковид-19 и оти не станува збор за итен случај. Во јуни годинава тој треба да наполни 100 години.





