Наскоро ќе донираме вакцини за Македонија, кога ќе имаме доволно количества од ЕУ, вели министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева, јави дописникот на МИА од Софија.
Вицепремиерката за телевизијата БТВ изјави дека доцнењето се должело и на механизмот Ковакс, каде Бугарија е исто така учесник.
„ Сега започнува редовното снабдување со вакцини од страна на ЕУ и се надевам дека наскоро ќе ја имаме оваа можност. Бугарија наскоро ќе достави вакцини во с. Македонија“, вели Захариева.





