Бившиот почесен амбасадор на Македонија во Хрватска со книга за Рацин

Славистот и македонист Горан Калоѓера, поранешен почесен конзул на Македонија во Хрватска, ја промовира насловната страница на својата книга за македонскиот поет Коста Солев Рацин.



„Конечната верзија на корицата на мојата книга за Рацин. Доколку на кој било му пречи ‘ѕвездата’ во контекст на насловната страница, ќе го цитирам хрватскиот писател Драго Иванишевиќ: ‘Еден ден не дојде на закажаниот состанок. Исчезна од Загреб. Заминал по својата ѕвезда на бунтовник, револуционер, прогонет поет’. Навистина, Рацин зсекогаш под оваа ѕвезда бараше правда и правдина и ѝ беше верен до последниот здив. Во тој контекст, сметам дека ѕвездата, без оглед на бојата, беше дел од неговиот револуционерен живот и соодветно на тоа мојата ќерка по моите упатства ја направи оваа корица и таа ќе остане таква, независно од тоа кому ќе му се допадне тоа. Ѕвездите се водилки во животот, без оглед на својата боја и симболика. Рациновата беше црвена и тоа треба да се почитува. Барем јас правам така“, објасни Калоѓера на Фејсбук.