Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи смета дека со ова темпо ќе требаат 10 години за да се вакцинира цело население.
„Во овој момент е трагично тоа што Република Македонија се наоѓа во ситуација во која што ќе моли и буквално ќе проси од комшиите за да добие некоја доза на вакцини. Вчера имаше едно интервју чинам од господинот Венко Филипче во кое што кажува колку ќе биде комплицирана процедурата за вадење, растопување и имунизација на самото население и дека ќе се имунизираат во 300 луѓе дневно.
Со имунизирање по 300 луѓе со првичната доза на ден ќе ни требаат 10 години за да го имунизираме целокупното население на државата“, порача Мизрахи, според 360 степени.






