Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се вклучи во кампањата за подигање на свеста за органодарителство.



Во видеообраќање Мицкоски порача дека здравиот човек има многу желби, а болниот само една, да оздрави.

„Човек никогаш не знае што носи животот. Животните прилики често не водат во непосакуван правец и тогаш ни е потребна помош, подадена рака. Речиси за секоја болест има лек, но кога човек ќе загуби орган, тогаш решението е само едно – трансплантација. Само ако сме несебични, хумани и солидарни, ако го вреднуваме другиот како самите себе, можна е трансплантацијата. Затоа, бидете хумани, продолжете некому живот, бидејќи тоа живот значи. Подари љубов, подари орган, повика тој.