Педесет дена откако други земји во Европа почнаа со вакцинација и Македонија започна имунизација на своите здравствени работници.
Засега нема вакцини за населението.
Вакцинацијата започна доцна и со подарени српски вакцини но тоа не ја спречува владата да се обиде од процесот да направи пропагандни поени.
Утрово министерот Филипче објавува видео во живо од вакцинацијата мислејќи дека треба да се пофали со имунизацијата која не успеа да ја обезбеди навреме и во доволни количини.
Филипче тврдеше дека здравствениот систем има капацитет за вакцинација од 2000 до 2500 вакцинации дневно но денеска ќе се вакцинираат десет пати помалку здравствени работници.
🔴[Во живо:] Почеток на процесот на имунизацијаhttps://t.co/iFYp7y8WUo
— Венко Филипче (@VFilipche) February 17, 2021






