Нивици меѓу 571 ново име за улиците во Скопје?!

„Се предлага улица да биде крстена и според местото Нивици, каде беше потпишан Договорот од Преспа“.



Ова е едно од 571 предложени имиња на личности, градови, места и историски личности според кои ќе се именуваат улиците, плоштадите и парковите во градот Скопје.

На листата што ја објави Град Скопје се и имињата на пејачот Дејвид Боуви, на групите „Квин“, „Леб и сол“, „Лева патика“ и „Мизар“, потоа пејачките Есма Реџепова и Вања Лазарева, новинарот Никола Младенов, филмот „Медена земја“ итн.