Градоначалникот на општина Аеродром најавува кривичен прогон против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски за изјавата дека ангажирал маркетинг агенција која што требало да ги информира граѓаните за тоа што го работи Златко Марин и неговата администрација.
Но Стоилковски во одговор објавува информации кои ги објавиле една телевизија и други 11 медиуми.
Според информацијата објавена од медиумите Марин Агенцијата ја платил 73 илјади евра.
Додека Стоилковски не го покрена прашањето за договорот на Агенцијата и за наградниот конкурс на општина Аеродром за кој Здружението на новинари рече дека е вид на поткуп на новинари, Марин молчеше.
Се досега Марин не ги негирал медиумските извештаи.
Целото видео на овој ЛИНК
Реакцијата на општината Аеродром која реагираше во име на градоначалникот беше прилично нервозна:
Општина Аеродром до Стоилковски: Вие сте последниот квазиновинар што има право да повикува на етика и морал во новинарството.
Општина Аеродром реагираше на, како што велат, секојдневното прозивање на опшината од страна на портпоролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Ја разбираме очајната потреба на господинот Наум Стоилковски секојдневно да ја прозива општината и да очекува соодветен одговор за да си даде своевидна важност, со оглед дека јавноста апсолутно не го „есапи“, односно неговото време, како дел од актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ набргу истекува, се вели во реакцијата.






