Од утре, 17 февруари, нема да се бара документ што докажува негативен резултат од ПЦР-тест за ученици и студенти од Грција, Турција, Србија, Романија и Македонија, нареди бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов.
Тоа се однесува на учениците и на студентите од петте соседни земји кои патуваат секојдневно или најмалку еднаш неделно во Бугарија заради настава.
Ослободени од барањето за негативен ПЦР-тест се и учениците и студентите што живеат во Бугарија, а секој ден или најмалку еднаш во неделата патуваат до петте соседни држави заради настава.






