Ленче Ристовска бара максимални 13 години затвор за Сашо Мијалков

За трите члена од Кривичниот законик за кој се гони екс директорот на УБК Сашо Мијалков во случајот Таргет – Тврдина може да добие максимална затворска казна од 13 години.



Обвинителите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов во име на ЈО од судот бараат долгогодишна робија за делата Злосторничко здружување по став 1 од членот 394, за Злоупотреба на службената положба и овластување по Член 353 став 2 и Примање награда за противзаконито влијание
Член 359 став 2.

Најниската казна кумулативно за сите три кривични дела е 2,5 години или 30 месеци.

Во продолжение сите кривични дела за кои обвинителката побара максимална казна за секое од делата сторени од Мијалков што значи дека судскиот совет за него ќе одлучува за казна меѓу 2,5 и 13 години.

Злосторничко здружување

Член 394

(1) Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се
изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години.

(2) Припадникот на групата или бандата, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

(3) Ако групата или бандата има за цел вршење кривични дела за кои може да се изрече казна затвор
од најмалку осум години, огранизаторот, ќе се казни со казна затвор најмалку четири години, а
припадникот на групата или бандата ќе се казни со казна затвор од една до пет години.

Злоупотреба на службената положба и овластување

Член 353

(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со
пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата
службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета, ќе
се казни со затвор од шест месеци до три години.

(2) Ако сторителот на делото од став 1 ќе прибави поголема имотна корисг или ќе предизвика
поголема имотна штета или потешко ќе ги повреди правата на друг, ќе се казни со затвор од шест
месеци до пет години.

Примање награда за противзаконито влијание
Член 359

(1) Тој што директно или индиректно ќе прими награда, подарок или друга корист или ветување или
понуда за таква корист за себе или за трето лице за да со искористување на своето реално или
претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, бара, интервенира, поттикнува
или на друг начин влијае да се изврши службено дејствие што морало да се изврши или да не се
изврши што не смеело да се изврши, ќе се казни со затвор од една до три години.

(2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни тој што со искористување на своето реално или
претпоставено влијание, службена или општествена положба и углед, ќе бара, интервенира,
поттикнува или на друг начин ќе влијае да се изврши службено дејствие што не би смеело да се
изврши или да не се изврши службено дејствие што би морало да се изврши.