Неделкова: Разрешена сум за да не пречам

Досегашната судијка во Врховниот суд, Лидија Неделкова, која денеска беше разрешена од функцијата смета дека нејзиното разрешување е тенденциозно.



„Очигледна е една политичка, лична комбинација на тоа да бидам разрешена и едноставно да не сметам веќе во судството“, изјави Неделкова откако на седницата на Судскиот совет беше презентиран предлог за нејзино разрешување.