МАНУ: Во Македонија детектирани повеќе нови варијанти на корона

Во последниот период се детектирани поголем број нови варијанти на коронавирус, кои претходно не беа присутни кај пациентите во Македонија, покажуваат анализи на МАНУ.



Ова го соопшти Институтот за јавно здравје, од каде информираат дека податокот може да укажува на внес на нови случаи на Ковид-19 од странство.

Досега потврдено беше само присуството на британската мутација на коронавирусот во земјата.

Од ИЈЗ засега не соопштија детали за кои мутации станува збор и кај колку пациенти биле откриени.