Заев со бугарски збор и се заблагодари на Србија

Во својот најнов пост на Фејсбук премиерот Заев наместо македонски литературен јазик кој што има обврска да го негува користи бугарски збор за кој има соодветен збор и во македонскиот.



Наместо на Балканот Заев од нејасни причини вели на Балканите.

Посебна приказна е што Заев кој лошо се изразува на повеќе јазици во пораката која е пред се упатена кон Србија користи бугарски збор што за многумина се толкува како провокација кон Белград и истовремено како обид за додворување на Софија.

“Солидарноста и поддршката преку споделување на вакцини од Србија за Македонија, е израз на традицијата во регионот – првата рака на помош да се подаде кон најблискиот сосед, кон комшијата.

Треба да продолжиме да ги негуваме засекогаш пријателството и меѓусебната поддршка меѓу народите и државите, за сите заеднички идни предизвици. Посакувам и повикувам секој еден од нас да придонесе, за да има мир, здравје и љубов на Балканите”, пишува Заев меѓу другото на Фејсбук.