Поради недостиг на доволен број специјални шприцеви, Јапонците ќе мора да фрлат дел од вакцините Фајзер против коронавирусот.
„Не е лесно да се купи точна количина на овие специјални шприцеви, нема толку многу во светот, објасни генералниот секретар на јапонската Влада, Кацунобу Като.
Секоја вијала од вакцината на фајзер содржи количина за шест инјекции, но само специјални шприцеви можат да ја извадат целосно. Употребата на обични шприцеви овозможува употреба на само пет дози од вакцината.
„Останатиот дел од содржината на ампулите ќе треба да се фрли, призна генералниот секретар на кабинетот.
Поради тоа, со веќе нарачаната серија вакцини од Фајзер ќе можат да се вакцинираат околу 60 милиони луѓе, наместо првично планираните 72 милиони.





