Јанез Јанша и неговата влада остануваат и понатаму на функција по неуспешната интерпелација во Државниот збор на Словенија.
За недоверба на Владата гласаа само 40 од потребните 46 пратеници од вкупно 90 во словенечкиот парламент.
Гласаа 53 пратеници, седуммина против, а шест ливчиња беа неважечки.
Со тоа не успеа обидот на опозицијата Карл Ерјавец од Демократската партија на пензионерите на Словенија и министер за надворешни работи од 2012 до 2018 година да му ја преземе премиерската фотелја на Јанша.
Обидот за преземање на Владата не само што не успеа, туку Ерјавец се покажа покус за три гласа, бидејќи сметаше на 43, иако и тие недоволни за формирање ново владино мнозинство.






