Запрашан дали се уште мисли дека Александар Вучиќ е националист, премиерот Зоран Заев денеска негираше дека било кога рекол такво нешто за српскиот претседател.
„Не сум рекол никогаш дека Вучиќ е националист. Тие ни се пријатели, покажаа солидарност и со тоа се дојде до зајакнување пријателската врска помеѓу двата народи.
Ние сме братски народ, треба да си помагаме и подадената рака од Србија многу ни значи“, истакна Заев.

Изјавата веднаш предизвика реакции на социјалните мрежи.





