Професорот на Медицинскиот факултет доктор Никола Пановски за „Слободен печат“ изјави дека треба да се вакцинираат барем по 5.000 луѓе дневно.
„Моите пресметки се дека со 2.500 вакцини дневно, ќе оди споро и со втората доза до септември би имале вакцинирано 250 илјади луѓе, главно здравствени работници и луѓе над 65 години, зависно од одзивот.
Но, треба да се вакцинира со поголем интензитет, 2.500 дневно се малку. Ако го дуплираме бројот на дневни вакцинации на 5.000, тогаш до септември ќе имаме вакцинирано 450 илјади граѓани.
А ако одиме со интензитетот од 2.500 вакцинирани дневно, тогаш ќе ни треба цела година за да дојдеме до 450 илјади вакцинирани граѓани“ вели Пановски кој прави споредба со успашната вакцинација на населението во Израел.
За пет дена Израел го направил тоа што ние би го направиле за година дена, вели Пановски за Слободен печат.






