Вкупно 9.200 бракови биле склучени изминатата година, 4.614 помалку, или со пад од 33,3 проценти за разлика од 2019 година. Кај разводите, во 2020-та година се забележува пораст од 14,7 проценти, со тоа што имало 2.284 разводи, или 294 повеќе од 2019-та година.
Според податоците од Министерството за правда до кои што дојде МИА, во 2020-та година, на територијата на Република Северна Македонија, биле склучени вкупно 9.200 бракови, за разлика од 2019-та година, кога биле склучени вкупно 13.814.
Низ изминатите 11 години, во просек, годишно се склучувале по 12.650 бракови.
Се забележува пораст од 12,8 проценти на бројот на разведени. Со податоци од 23 Основни судови, бројката на разводи е за 294 поголема од 2019 година, кога изнесувала 1.990.






