Претпладнево пристигна најавената пратка анти-ковид вакцини од Србија, а примопредавањето се изврши на граничниот премин Табановце, во присуство на делегација од Република Србија предводена од претседателот Александар Вучиќ, чиј домакин беше премиерот Зоран Заев.



Пемиерот Заев пред присутните рече дека како израз на драгоцен чин на пријателство Србија споделува вакцини 4.680 вакцини , како израз на пријателска и соседска подадена рака , додека стигнат вакцините што ние ги нарачавме.

„Како никогаш досега пандемијата покажа дека сме поврзани со најдобрите вредности. Нашата денешна средба е резултат токму на пријателството и резултат на разбирањето во кое се најдовме, првата рака на помош да се подаде кон соседот. Србите во Македонија и Македонците во Србија се алката на поврзување на двете земји“, рече Заев,

Од своја страна претседателот Александар Вучиќ рече дека е среќен што можевме ова да го направиме , но имавме проблеми со дозволи за извоз , зашто се строги процедури , но благодарејќи од лушето од Фајзер успеавме да ги поминеме овие неверојатно сложени процедури за да не с есоочиме со санкции. Србија нема други интереси освен да покаже пријателство кон макеоднскиот народ и државата. Ова е најобичен подарок , за кој сме сигурни дека и вие би ни го дале “, рече Вучиќ. МКД.МК