Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше ослободен од одговорност од американскиот Сенат, кој требаше да му суди за „поттикнување на револт“ при насилството на Капитол Хил на 6 јануари, пренесе АФП.
Не беше постигнато потребното двотретинско мнозинство откако 57 сенатори гласаа „за“ осуда, а 43 – против.
Поранешниот републикански претседател веднаш одговори поздравувајки го , како што рече, „ловот на вештерки“.
Тој вети дека ќе продолжи да ја брани „величината на Америка“.
Реагираше и сегашниот прв човек на Белата куќа:
“Ова тажно поглавје од нашата историја нè потсетува дека демократијата е кревка, коментираше атуелниот американскиот претседател Џозеф Бајден.
Според него иако последното гласањене доведе до осуда, суштината на обвинението не беше доведена во прашање.
„Дури и оние кои се спротивставија на отповикувањето, како што е лидерот на малцинството во Сенатот, Мич Меконел, се убедени дека Доналд Трамп е виновен за срамно занемарување на должноста и дека тој е практично и морално одговорен за предизвикување бран насилство на Капитол Хил“, рече Бајден,





