Граѓаните останаа без соодветни информации за состојбата на македонските патишта по обилните снежни наноси.
Системот за видео мониторинг на македонските патарини и гранични премини не работат е надвор од употреба и иако постои инсталирана опрема таа не е достапна за граѓаните.
Извори од Јавното претпријатие за патишта тврдат дека камерите за граѓаните не се достапни подолго време затоа што државната компанија не плаќа за интернет трансфер.
Видеата во живо од граничните премини се достапни само за вработените во компанијата но не и граѓаните.





