Паѓаме ниско и со температурите

Облачно, студено и ветровито време се очекува денеска, а пообилни врнежи од снег се очекуваат во попладневните и во ноќните часови.



УХМР најави дека до крајот на денот, снежна покривка ќе се формира насекаде, особено во југозападните делови на Македонија каде најавите се дека ќе надмине и 20 сантиметри.

Минималната температура во земјава ќе биде во интервал од-10 до-4, а максималната ќе достигне од-5 до 1 степени.