Над 37. 000 граѓани досега се пријавиле преку онлајн апликацијата за вакцинирање против Ковид-19. Веб-страницата беше пуштена во функција пред три дена, а на неа може да се пријави секој граѓанин заинтересиран за вакцинација, дополнително и преку „Мој термин”.



Премиерот Зоран Заев рече дека осумте илјади дози кои ни ги отстапи Србија ќе дојдат наскоро и дека е прашање на денови или часови. 

Минатиот понеделник Владата го потпиша договорот со Кински Синофарм за набавка на 200.000 фози од кинеските вакцини, но во моментов и тие се чекаат. Како што вели, Заев, треба да помине Кинеската нова година па вакцините да тргнат.