Оперската ѕвезда Игор Дурловски со поддршка за сите неправедно осудени лица за 27 април ја дочека одлуката на Апелацискиот суд Скопје, кој во голем дел ги потврди драконските казни за осудените во прв степен.
Иако лично е на слобода, Дурловски вели дека вистинската слобода ќе дојде кога сите ќе бидат ослободени.
„Конечна #Слобода ќе биде кога сите неправедно осудени ќе бидат надвор.
Мојата ќе почнам да ја живеам од денес.
Ти благодарам Господе, благодарам на моите најблиски и сите поддржувачи.
Нека моето денес за неправедно осудените биде утре.
Да живее Македонија!“, напиша Дурловски.





