Во 20.45 на Сан Сиро во Милано Шкендија игра со Милан во натпревар од 4. круг во Лига Европа. Никогаш поголем тим против некој наш. Шансите на тетовци се мерат во промили по сите основи, но тие од познатиот фудбалски храм порачуваат дека нема што да загубат и дека на северот од Италија се дојдени да уживаат.



И на тренерот Ќатип Османи и на капитенот Ферхан Хасани им е кристално јасно кој е фаворит, но на пресот вчера едниот порача дека „Ова не го сваќаат како прошетка и дека ќе го дадат најдоброто“, а другиот рече дека „од вакви натпревари нема што да се загуби, туку само да се добие“.

Шкендија до сега во квалификациите од вториот Еврокуп има 4 победи со едено реми и еден пораз.