Шеќеринска во опасност да го загуби и домашниот безбедносен сертификат

Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шеќеринска е во опасност освен тоа што не добива безбедносен сертификат од НАТО да го загуби и тој што го издаваат домашните безбедносни институции.



Полковникот Драган Ковачки кој и поднесе кривична пријава на министерката за објавување на доверливи воени информации на социјалните мрежи поставува прашање до државната Дирекција за безбедност на класифицирани информации кое може да значи одземање на националниот безбедносен сертификат на Шеќеринска и отежнат пат до сертификатот од НАТО.

“Колку време ѝ треба на ДБКИ да постапи согласно Законот за класифицирани информации поради кршењето на истиот од страна на актуелен Министер за одбрана?

Или не сакаат да се мешаат во својата работа?”, прашува полковникот Ковачки кој го користи хаштагот
#ОдговорностМораДаИма.

Според Законот за безбедност на класифицирани информации, согласно член 54, директорот на ДБКИ Стојан Славески треба да донесе решение за да и се одземе сертификатот на Радмила Шеќеринска заради објава на класифицирани информации.

Шеќеринска објави мапа на позиции на воена единица на АРМ на Фејсбук што може да биде тешко прекршување на правилата на било која НАТО армија.