Шефот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески ја дава можната причина зошто премиерот Заев досега не добил сертификат за безбедност од страна на НАТО.
Иако македонските власти барањата за ваков сертификат ги доставиле заедно за Заев, Пендаровски и други највисоки државни функционери засега пристап до тајните на НАТО добил само шефот на државата.
Со тоа се отвара дилема дали кај членовите на владата пред се Заев, Шеќеринска, Спасовски, Османи, Димитров, Груби има некаков проблем.
Одговорот на ова прашање можеби го дава шефот на ДБКИ.
Според големината на државата меѓу 500 и 600 македонски државјани треба да добијат сертификат за безбедност од НАТО, а постапката на барање на сертификати е почната за околу 300, објаснува за Радио Слободна Европа Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.
Преку оваа институција всушност одат сите барања за безбедносен сертификат од НАТО, а Славески вели дека 200 од 300 за кои поднеле добиле безбедносни сертификати за работа на класифицирани информации на НАТО. Десетина пак, не ја поминале безбедносната проверка, додава тој.
Ако внимателно се чита ставот на Славески може да се дојде до заклучок дека во опкружувањето на Заев но и другите највисоки функционери кои не минале дел од животот во непријателски земји на НАТО има опасни елементи кои претставуваат ризик за Алијансата или пречка за добивање на сертификати од Брисел.
„Тие се одбиени поради постоење одредени безбедносни пречки. За ниту едно од овие десетина лица кои ги спомнав не е потребно да се води некаква кривична постапка или постапка за одавање на класифицирани информации. Тие лица се одбиени поради одредени работи кои се случиле, на пример лицата поминале некој дел од животот во некоја земја која не е пријателска на НАТО или нивното опкружување е од таква природа да претставува одреден ризик или пречка“, вели Славески за процедурата во која десетина луѓе се одбиени од НАТО.
Уште околу 90 македонски преставници чекаат одговор од НАТО.
Меѓу луѓето кои се или биле во најблиското опкружување на НАТО има двајца луѓе кои се на Црна листа на САД, двајца со сериозни врски со Путин, луѓе осудени за корупција и криминал, повеќе ликови со врски со регионални или национални мафии и други луѓе со специфични или спорни кариери според стандардите на НАТО.
Целата информација од шефот на ДБКИ на Слободна Европа





