Заменик-министер во Владата: Нè направија мајмуни со маички СЈО (ВИДЕО)

Сите што шетале со СЈО маици испаднале мајмуни смета гостинот во емисијата „Утро со Златев“, заменик-министерот за локална самоуправа, новинар и член на Демократски Сојуз, Зоран Димитровски.



Со него се разговараше за актуелната политичка ситуација во Македонија, за правата на новинарите, за договорот на Владата со Бугарија и слични теми.

На оваа емисија исто така се дискутираше и за СЈО како институција. Гостинот Димитровски вели дека сите кои оделе по улиците со маичките СЈО станале мајмуни. Според него СЈО требало да биде ликот на правдата во Македонија, а наместо тоа се случило фијаско.

– Кога најголемата надеж во правда ќе ја изгубите како очекувате борбата против корупцијата да биде на високо рамниште?, прашува гостинот Димитровски.

Детали и видеото на овој ЛИНК

(ВИДЕО) Димитровски: Нè направија мајмуни сите што одевме со маичките СЈО