Поповска продолжува со двојна игра – ја критикува Владата и соработува со неа

Основачот на партијата Дом Лилјана Поповска продолжува со својата двојна популистичка игра слична на лидерот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов.



Поповска е “Алфа и омега” на партијата ДОМ која е дел од владеачката коалиција а која според принципот на министерот за правда Бојан Маричиќ ќе мора да го смени името затоа што го содржи сега веќе делумно забранетиот збор Македонија.

Таа во последно време постојано ја критикува владата но не презема ништо против неа ниту пак се оградува од ДОМ каде сеуште има огромно влијание.

Двојниот пристап Поповска го искористи и вчера по забраната на министерството за правда за користење на зборовите Македонија и Република Македонија.

“?ПОГРЕШНО ЧИТАЊЕ на Уставот! Нема никаква забрана за зборот Македонија!?? Секоја страна си го употребува со свое значење и толку! Какво е ова исчашување на и онака тенката смисла што остана во тој текст, кој беше потпишан под уцена на Македонија како држава!? Македонија, Македонци, македонски јазик, се единствените светли точки во текстот, а сега наши министри сакаат да ги избришат и нив!? НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ”, пипува Поповска која освен критиката на Фејсбук не прави ништо конктерно како дел од владата.

Доблесен и искрен политичар во ваква ситуација би се оградил и би го напуштил политичкиот субјект кој го формирал а кој како дел од власта стои зад забраната за користење на Македонија или би ја напуштил владата која оди контра своите граѓани.

За жал Поповска мисли дека со коментари на Фејсбук а без акција ќе добие прошка за гласањето во Собранието со кое беше променето уставното име со што на министерот Маричиќ и цела влада им се даде алиби да забрануваат суштински делови на македонскиот идентитет.

?ПОГРЕШНО ЧИТАЊЕ на Уставот! Нема никаква забрана за зборот Македонија!?? Секоја страна си го употребува со свое значење и толку! Какво е ова исчашување на и онака тенката смисла што остана во тој текст, кој беше потпишан под уцена на Македонија како држава!? Македонија, Македонци, македонски јазик, се единствените светли точки во текстот, а сега наши министри сакаат да ги избришат и нив!? НЕ МОЖЕ И НЕ СМЕЕ.