Сериозно се размислува за коалиција на Алијансата на Албанците и ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори, рече градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари во емисијата „Прашањето ми е следно“ на порталот “Инфомакс”.
„Знаејќи како ќе функционираат СДСМ и ДУИ, како функционираа во 2017, би требало да се здружиме. Тогаш изгубивме ние, три општини зедовме, и ВМРО изгуби многу и тие три-четири општини земаа. Меѓутоа, ако настапиме заедно во коалиција, тоа ќе биде транспарентно.
Јавно кажувам, ако одлучиме да соработуваме, ќе седнеме и ќе кажеме пред граѓаните ние сме договорени, Алијанса, Алтернатива и ВМРО, и вака ќе излеземе на избори, рече Таравари.
Тој не исклучи коалицирање и со турска и ромска партија.
„Ако настапиме заедно, од 80 општини ќе земеме над 50“, изјави Таравари.





