Србија ја средила документацијата за вакцините на „Фајзер“ наменети за Македонија, па сега се чека само амин од компанијата вакцините да тргнат кон македонската граница.
„Во моментов се очекува во најбрз можен рок компанијата Фајзер да издаде документирано одобрување до Република Србија после што веднаш ќе се реализира примопредавање. Откако вакцините ќе влезат во Република Северна Македонија, ќе биде обезбедена домашната документација и за таа процедура не постои никаков проблем“,  наведуваат од македонската влада за Телма