Член на мешовитата историска комисија ја спореди Македонија со Северна Кореја. 



Бугарскиот професор Кирил Топалов, член на мешовитата историска комисија вели дека за спорот околу јазикот е тешко да се дојде до научната вистина.

„Јазичниот спор со Република Северна Македонија е условен концепт, бидејќи тој таму се спроведува многу повеќе отколку овде и има многу повеќе луѓе кои артикулираат што мислат дека е вистина, но всушност се научна фантастика и лаги за бугарското културно-историско наследство“, изјави во студиото на „Ова утро“ на бТВ Топалов. 

Според негоМакедонија „ е Северна Кореја на Балканот“ заради нејзината „жестока цензура“ и „жестокиот тоталитаризам“.