Професор по молекуларна медицина на Универзитетот во Оксфорд, вели дека се појавила и нова мутација на британскиот вид на коронавирус, која ја нарекува супер-сој, јавува „Jutarnji.hr



„Исто така, откриено е дека овој британски вид има мутација што потекнува од јужноафриканската варијанта. Сега имаме нов супер-сој на британската варијанта со јужноафриканска мутација, кој би можел да избегне имунолошки одговор“, вели хрватскиот научник Кристијан Рамадан, кој работи на Универзитетот во Оксфорд.

Тој додава дека Велика Британија го вакцинира населението со голема динамика и дека досега се вакцинирани 13 милиони луѓе. Околу 15 милиони луѓе се очекува да бидат вакцинирани до средината на февруари.

Прашан дали појавата на новиот вид најавува трет бран на епидемијата, Рамадан вели дека тоа ќе зависи од ограничувачките мерки кои ќе ги воведат земјите.