Пред точно 18 денови министерот за здравство Венко Филипче јавно тврдеше дека се е подготвено Македонија да прими 8000 вакцини на Фајзер што ни ги продава српската влада.
Вчера кабинетот на српскиот претседател Вучиќ објави дека има проблем со техничката документација за трансфер на вакцините но не откри дали проблемот е на српска или македонска страна.
“Вчера имавме разговор со претставништвото на „Фајзер” во Белград и таму се работи на двата договора – нашиот драфт договор за нашите 800 илјади дози и дозволата српските власти да ги дадат фајловите за ние да ги увеземе тие вакцини од нивната земја. Веднаш кога ќе ги добијат фајловите и дозволата ние сме спремни да ги примиме”, изјави Филипче на 22 јануари кога Србија најави дека во знак на добра волја ќе ни даде дел од вакцините од Фајзер.
Зошто 18 дена подоцна има проблеми со техничката документација засега детали даваат ниту српските ниту македонските власти.
Министерот Филипче засега молчи иако има обврска да каже дали проблемот со техничката документација е кај нас, кај српските власти или кај компанијата Фајзер.
Доколку проблемот е на македонска страна за пропустот некој треба да одговара затоа што за 18 дена откако е кажано дека нема никаков проблем со приемот на вакцинитеимало доволно време да се подготват сите можни документи дури и ако грешката е кај Фајзер или официјален Белград.






