Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски вели дека под знак прашалник е дали ќе се успее да се набават скенерите за читање на отисоци од прст за претстојните локални избори.
Во синоќешното гостување на Дневникот на Сител, Даштевски рече дека доколку тој процес не почне сега, во февруари, неизвесно дали претстојните локални избори ќе се спроведат со оваа опрема.
„Барани се средства за опремата уште од септември минатата година. Јас кога дојдов тоа го видов, одлуката на претседателот на ДИК со која бара од буџетот да се пронајдат средства, меѓутоа такви средства не се предвидени“
Според него, со користењето на овие скенери изборниот процес ќе биде многу посигурен. Претходните членови контактирале неколку производители, но засега не се знае каква опрема треба да се набави или да се изнајми, пренесе Плусинфо.





