Бугарскиот вицепремиер се обидува на нему својствен начин, да дефинира што е тоа етникум, националност.



Во интервју за бТВ, одговарајќи на забелешката дека за Македонците Гоце Делчев е Македонец, Каракачанов рекол дека „мислењето“ не секогаш е согласно со реалноста.

„Многу Бугари сакаат да бидат Бугари, но да живеат во Калифорнија, па дали тоа автоматски ги прави Американци? – запрашал Красимир Каракачанов.

Тој вели дека во меѓународното право не постои „Мислам“ и даде пример дека Македонците „порано мислеа дека се наследници на Филип и Александар Велики, но Грците им рекоа„ не, не не, вие не сте нивни наследници и тие се согласија“. 

Каракачанов додаде и дека „Македонија се обидува да ја изнесе лагата дека Бугарија наводно се обидува да им го одземе правото на самоопределување на Македонците“. Фактор