Подарокот за Заев од Вучиќ – ќе почека

Испораката на вакцини, кои Србија требаше денес да и ги донира на Македонија ќе биде одложена за неколку дена.



Веста беше пренесена до медиумите од Службата за соработка со медиуми на српскиот претседател Александар Вучиќ, пренесе Танјуг.

Испораката е одложена „поради неопходност за набавка на дополнителна техничка документација, а вакцините ќе ѝ бидат предадени на с. Македонија во наредните денови“.

Денеска, на граничниот премин Табановце, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, требаше да му го предаде на премиерот Зоран Заев, првиот контингент од 8/000 вакцини што Србија ѝ ги донира на Макдонија.