Јачева-Улчар: Зошто не побара нашата држава реципрочно да се учи македонски во Благоевград?

Професорката Елка Јачева-Улчар со контрапредлог на предлогот од штипскиот градоначалник Сашко Николов изнесен пред бугарскиот амбасадор во нашите училишта да се учи факултативно бугарскиот јазик.



„Па, зошто да го учат – нели ист ни е јазикот? Или ова е признавање нивно дека, сепак, се два различни јужнословенски јазици. Ако е така, зошто не побара нашата држава реципрочно да се изучува македонскиот во Благоевград, на пример? Исто, факултативно!“, прашува борецот за заштита на македонскиот јазик од присвојувањето од Бугарија.