Српскиот претседател Александар Вучиќ одговарајќи на прашања на српските медиуми за бизнисите на неговите кумови откри дека еден од нив, Зоран Башановиќ близок пријател и до неодамна советник на македонскиот премиер Зоран Заев за економски прашања, ја купил половина Македонија.
Во одговор за српските медиуми запрашан за коментар за бизнисите на неговот кумНикола Петровиќ , Вучиќ вели дека нема идеја што купуваат и што прават неговите кумови, меѓункои е и екс советникот на Заев, Башановиќ…
„Тој се занимава со приватен бизнис, отсекогаш бил богат човек. Имам и друг кум, Зоран Башановиќ, кој купува телевизии со Ѓилас и заедно со Ѓилас денес ме уништува, имам многу кумови, но не знам што има тоа со мене. Човек цел живот бил во приватна деловна активност, немам ништо со тоа… Никогаш не сум бил во приватен бизнис, никогаш не сум возел со неговите автобуси, авиони или што било друго… Ова е човек кој бил богат многу пред политиката, и единствената врска што ја имаше со државата кога режимот на ДС му даваше дозволи за некои хидроцентрали: Во наше време, тој не доби ништо од тоа. „Она што го работи приватно е негова деловна активност“, рече тој.
Вучиќ споменувајќи го неговиот друг кум открива дека Башановиќ не ја купил буквално половина Македонија но дека инвестирал во голем број проекти во земјава.
„И мојот кум (Зоран) Басановиќ – Гледам дека сите сили се обидоа да ме соборат, а тие поседуваат половина од Грција и Македонија, да се каже метафорички. Верувајте ми – тој не доби ништо од мене, ниту може. Горд сум на фактот – и сега ќе се формира оваа комисија за испитување на имот и ќе барам да бидам барем во првите десет за да го испитам, бидејќи сакам да им покажам на граѓаните колку многу ги почитувам – имотот не е зголемен во последните девет години, ниту имотот на моите блиски роднини … Немам сметки во ниту една странска банка, не ме интересира богатството, имам хоби што сакам да пијам добро вино, но јас сега сум ориентиран кон домашните “, рече Вели Вучиќ.
Македонската јавност досега не е информирана за имоти, бизниси или друг вид инвестиции на екс шоу бизнис менаџер Зоран Башановиќ за кои зборува добро информираниот српски претседател.
Повеќе детали на српски јазик на овој ЛИНК





