„Не знам јас тоа кои космонаути гледаат од Месечината како тоа ќе се случува, но јас тврдам дека вонредни парламентарни избори нема да има, заради тоа што не носат ништо добро на државата“, одговори денеска премиерот Зоран Заев на барањето на опозицијата за одржување предвремени избори.
Според него, Македонија веќе помина неколку пати низ вонредни парламентарни избори и само изгуби од тоа.
Заев на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања ги наброи општините од чии градоначалници е задоволен како работат, но кажа дека сепак реакциите на народот ќе бидат пресудни дали тие повторно ќе бидат кандидирани на претстојните локални избори.





